Почетна / Спорт / Италијанската фудбалска лига на МТВ, прв дуел е Интер-Лече

Италијанската фудбалска лига на МТВ, прв дуел е Интер-Лече

Италијанската Серија А по долга пауза се враќа на вашите мали екрани преку националната Македонска телевизија. Oваа лига беше препознатлива за Телма, но сега ќе се емитува на МТВ 1 и МТВ 2.

Горан Пандев во дресот на Џенова, Елиф Елмас во дресот на Наполи и Илија Несторовски во дресот на Удинезе  ќе може да ги следите низ телевизиски преноси на Македонската телевизија, која ги откупи правата за реемитување на еден натпревар од секое коло. Првиот меч кој ќе оди на националниот канал е пресметката на Интер против Лече закажана за во понеделник (26 август) од 20.45 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѓоревски: Го враќаме европскиот сјај на МЗТ Аеродром

МЗТ Скопје Аеродром по 25 години повторно ќе настапува во европско натпреварување под капата на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!