Почетна / Спорт / Италијанската фудбалска лига на МТВ, прв дуел е Интер-Лече

Италијанската фудбалска лига на МТВ, прв дуел е Интер-Лече

Италијанската Серија А по долга пауза се враќа на вашите мали екрани преку националната Македонска телевизија. Oваа лига беше препознатлива за Телма, но сега ќе се емитува на МТВ 1 и МТВ 2.

Горан Пандев во дресот на Џенова, Елиф Елмас во дресот на Наполи и Илија Несторовски во дресот на Удинезе  ќе може да ги следите низ телевизиски преноси на Македонската телевизија, која ги откупи правата за реемитување на еден натпревар од секое коло. Првиот меч кој ќе оди на националниот канал е пресметката на Интер против Лече закажана за во понеделник (26 август) од 20.45 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МЗТ Скопје Аеродром по две ипол децении, повторно во ФИБА Европа Купот

МЗТ Скопје Аеродром во сезоната 2026/27 ќе биде дел од групната фаза на ФИБА Европа …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!