Почетна / Серии / Гледачите збунети: Кога оди премиера, а кога реприза на „Преспав“?

Гледачите збунети: Кога оди премиера, а кога реприза на „Преспав“?

 

Има ли ред во емитувањето на “Преспав” на Телма ?

 

Македонската хумористична играна серија “Преспав” со самото појавување предизвика лавина позитивни реакции особено кај младата популација. Конечно продукциски нешто кое изгледа квалитетно, урбано и нормално за овој век. Гледачите задоволни од ликовите и настаните во пансионот “Преспав”, но незадоволни од начинот на нејзино емитување, што се коментира веќе и на нашиот форум за телевизиски содржини.

 

 

Имено, од самото започнување, “Преспав” премиерно се емитуваше во 7 часот наутро и сите четириесетина епизоди веќе беа емитувани во тој термин, без никаква најава дека оди токму наутро. Во 20:40 часот најпрвин беа емитувани околу 20тина епизоди, по што следеше ненајавен прекин поради политичката предизборна програма. За тоа време се репризираа стари епизоди во попладневен термин. И сега за време на празниците кога гледачите очекуваат нови епизоди, во вечерниот термин се емитуваат репризи на веќе емитувани епизоди во 20.40… но и по некоја неприкажана епизода.

 

 

Во вторникот имаше премиерна епизода, за вчера и завчера да се емитуваат репризни изданија на епизодите со крапот и бегалците. На гледачите им е нејасно – кога е премиера, кога е реприза?

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Австралиската комична мини серија „C*A*U*G*H*T“ на МТВ 1

Фатени (стилизиран како C*A*U*G*H*T) е австралиска телевизиска хумористична серија од шест епизоди. Продуцент и режиран …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!