Почетна / Телевизија / Евтина струја и „Фчерашни“ … што повеќе треба во една недела?

Евтина струја и „Фчерашни“ … што повеќе треба во една недела?

 

Неделна вечер на Телма со познатите емисии

 

Вечерва на Телма, веднаш по централните вести, во 19.15 часот следува најновото издание на “Код”. Објаснение на три случаи кои со години талкаат низ македонските лавиринти на правдата се тема на истрага денеска кај Снежана Лупевска Созен. Неистражена смрт на родилка од Битола, случајот на Христијан кој во каварадаречка фабрика ги изгубил рацете на 20-годишна возраст и смртта на шестгодишно дете во лифт во кумановска зграда се случаите кои ќе ги истражи и ќе ни ги презентира вечерва Телма.

А веднаш по “Код”, следуваат “Фчерашни новости”.

 

 

Пародија на актуелните политички случувања низ призмата на Фчерашни новости. Човек со 10 години стаж е прв ден на работа, како ли ќе се снајде човекот кој мора да работи по Рамковен? А што ново ќе каже Владата на прес конференција, останува да видиме вечерва во 20 часот.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корисни совети и искуства во семејниот магазин „Моето дете“ на ТВ 24

Забавно – едукативна емисија која е наменета за деца и родители, а во рамки на …