Почетна / Забава / Авалон го носи Божо Вреќо на 23. февруари во Опера и Балет

Авалон го носи Божо Вреќо на 23. февруари во Опера и Балет

Првиот проект во 2020 година доаѓа од балканските простори, а е навистина на светско ниво по сите параметри. „Принцот на севдахот“ или како што престижниот „Њујорк Тајмс“ го нарекува, „човекот со ангелски глас“, Божо Вреќо, за прв пат ќе има концерт во Скопје во Македонската опера и балет на 23-ти февруари, со почеток во 19:30 часот.

Божо Вреќо е навистина последниот голем музички феномен изнедрен од плодната балканска почва и е еден од најинтересните и најпознати изведувачи во доменот на севдахот во моментов. Се смета за клучен дел од новата генерација на автори кои ја не само што ја оживуваат традицијата на севдалинките, туку и успеаја да ја однесат дури и во правецот на андерграунд, што беше незамисливо досега.

Вреќо е лирски тенор кој предизвикува бројна публика и затоа настапува на концерти низ Европа и светот кои се секогаш однапред распродадени. Неговата акапела интерпретација на севдалинките е секогаш спектакуларна. Има навистина ангелски глас, а во Скопје во февруари ќе пее песни од неговите четири албуми.

Влезниците за концертот на Божо Вреќо во Скопје се пуштени во продажба по цена од 1500 денари, а достапни за купување се во Avalon Music & Ticket Store во ГТЦ, продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн на www.avalon.mk.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на маестра Дијана Имери Илкоска во Грузија

Македонската диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, неодамна гостуваше во Грузија, каде што работеше како асистент …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!