Почетна / Серии / Премиерни епизоди од ситкомот „Мамини синови“ на ТВ 24

Премиерни епизоди од ситкомот „Мамини синови“ на ТВ 24

Српската верзија на “Mother and son” на телевизија 24, со нови и досега неприкажани епизоди во Србија. За прв пат, премиера на новоснимените епизоди од ситкомот, ексклузивно на ТВ 24 во вторник и петок, како и за викенд во 17.45 часот.

Познатиот Андрија Милошевиќ е повторно главна улога и во овој српски ситком, но овде ја нема Анѓелка, па затоа друштво ќе му прават Светлана Бојковиќ и Ненад Јездиќ.

За потсетување, приказната ги прати згодите и незгодите на мајката Роса и двајцата синови Беба и Миша. Мајката целосно подетинила во староста, а за Беба ќе биде тешко да најде сопруга во еден таков амбиент во кој што живее со мајката. Урнебесни ситуации во играта на мајката и двајцата мамини синови ќе следите на ТВ 24, а особено интересно ќе стане кога Беба ќе одлучи да ја прати мама во старечки дом. Ќе може ли мама да опстои таму без своите синови и ќе успее ли Беба во намерата конечно да живее без својата мајка?

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

BBC драмата „Killing Eve” секоја вечер на Fox во 22.55 часот

Криминалистичкa трилер серија во која двата главни лика, Ив (Сандра О) и Виланел (Џоди Комер), …

error: Содржината е заштитена!