Почетна / Филм / Битката кај Дрина во познатиот српски филм е вечерва на Алфа

Битката кај Дрина во познатиот српски филм е вечерва на Алфа

 

Недела е ден за српски филм на Алфа

 

“Маршот на Дрина” е југословенски филм од 1964 година во режија на Живорад Жика Митровиќ. Дејството е заснована на историски настани, Церската битка. Филмот не е хроника на битката, туку ги прати дејствата на артилерискиот баталјон Комбинирана дивизија и духовната состојба на нивните војници кои потекнуваат од различни слоеви на српското општество на почетокот на 20. век. Снимен е по повод 50 годишнината од битката, а во голем дел и со помош на преживеаните учесници.

 

 

Приказната започнува со општа мобилизација во Србија. Артилерискиот стар водич Веца, кој потекнува од богато банкарско семејство, распореден е во артилериската единица. Во минатата војна, бил член на една комисија која набавувала топови. Неговата фамилија сега сака да го постави пак во истата комисија, но тој сака да се приклучи на војниците и да се тргне во војна.

 

 

Па така, единицата тргнува во поход во Аранѓелковци, додека нивните команданти на чело со пешадискиот мајор Курсул имаат состанок. На тој состанок заклучуваат дека Австроунгарија ќе ја нападне Србија преку реката Дрина, а не преку реката Сава како што се очекувало. Битката кај Дрина е време за почне вечерва на Алфа, во 18 часот и 50 минути.

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утринско кино на ТВ 24 – детски авантури, европски саги и светски класици

Возбудливи детски авантури, љубовни романси, европски филмови и светски црно-бели класици ќе гледате во утринското …