Почетна / Телевизија / Гледачите зачудени – зошто целиот прајмтајм на Алфа е со репризи?

Гледачите зачудени – зошто целиот прајмтајм на Алфа е со репризи?

 

По “Комшиски приказни”, уште еднаш “Комшиски приказни”

 

Алфа телевизија скоро и да остана без премиерна програма. Од мај па навака телевизијата постојано репризира веќе емитувана програма. Па така во моментов на Алфа репризно се емитуваат стара турска серија, веќе прикажани српски емисии, серии и филмови, веќе прикажани емисии на квизот “Круг на знаење”, репризи на македонската серија “Комшиски приказни”, како и репризи на американски филмови во викенд ноќите.

 

 

На гледачите не им е јасно – зошто телевизијата која минатите сезони емитуваше постојано нови серии и емисии, сега емитува само репризи во програмата. Постојано се емитуваат стари емисии на “Домаќине ожени се”, “Пеколна кујна”, “Работна акција”, партизански филмови, турската драма “Рането срце” … и сето тоа во прајмтајм. Реткост е да се види некоја премиерна програма на Алфа.

 

 

Во своја продукција во попладневните часови се уште емитуваат контактни емисии, но премиера на странска програма нема веќе одреден период.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!