Почетна / Серии / Телма ги прекина играните филмови, наместо нив реприза на серија

Телма ги прекина играните филмови, наместо нив реприза на серија

 

“The Following” репризно на Телма телевизија од трета сезона

 

На местото на играните филмови, кои на Телма се емитуваа секој работен ден во 22 часот, од сега се емитува американската серија “The Following”. Се работи за реприза на оваа серија, која се емитуваше пред точно една година. “Следбеници” е во продукција на Outerbanks Entertainment and Warner Bros. Television, а во САД е емитувана во 3 сезони и вкупно 45 епизоди на FOX. Во главните улоги ги гледаме Kevin Bacon и James Purefo.

 

 

Содржина :

Брилијаниот и харизматичен професор Џо Карол, опседнат со делата на Едгар Алан По, станува еден од најопасните и најбарани сериски убијци од ФБИ. Тој го следи мислењето на По, односно верува дека смртта е највисокото ниво на уметноста и дека неговите убиства се всуштонст уметнички ремек дела. Во последниот обид за убиство, тој се покажува како невнимателен и е уапсен од агент кој го посветил својот живот на случајот.

 

 

Пензионираниот федерален агент Рајан Харди, човекот кој го уапси Карол и ја спаси неговата последна жртва, е повикан повторно да работи со ФБИ како консултант. Карол е побегнат од затвор, а се појавени низа фанатици кои веруваат во филозофијата на главниот сериски убиец и ги следат неговите чекори. Со надеж дека неговото лично искуство и врската со Карол ќе им помогне да го најдат, Харди се вклучува во играта на интриги, измами и акција.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов тест на љубовта во премиерната 4-та сезона на „Афера“ на ТВ 24

Психолошката драма „Афера“ ги прикажува емоционалните ефекти на една вонбрачна врска. Ноа е професор и …