Почетна / Филм / Третиот дел од „Робокап“ и комедија со Џон Траволта овој викенд на Сител

Третиот дел од „Робокап“ и комедија со Џон Траволта овој викенд на Сител

 

Четири филмови овој викенд само на Сител

 

Летното кино на Сител телевизија може да започне. Секоја вечер играни филмови, за викенд и по два. Вечерва, сабота (17 јули), веднаш по хит комедијата “Добриот домаќин”, Сител ќе го емитува последното продолжение од трилогијата за човекот робот – машината Робокап.

 

 

Кратерот на Робокап креира нов град врз територијата на Детроит. Уапсени се сите жители кои се противат на новата одлука на власта. Човечноста на роботот почнува да доминира, и така Робокап уште еднаш застанува на страната на народот, непослушно игнорирајќи ги сите наредби на функцијата. Робокап ја превзема иднината за да им ја врати назад на луѓето.

По вечерните вести ќе се емитува “Заштитник од сенка” (The blood bond), акција од 2010 година.

 

 

Кога еден религиозен лидер ќе биде повреден на азиското тло, неговиот заколнат заштиттник ќе стори се’ за да ја најде ретката крвна група за неговиот водич. Него го чека авантуристичко патување низ градовите на Банданезија за да се најде спасот, кој можеби лежи во еден храбар и пожртвуван војник.

 

 

Недела, 21 часот, прајмтајм резервиран за комедијата “Фати го Шорти”. Се запознаваме со Чили, мафијаш и рекетар од Мајами кој завршува повеќе криминални задачи. Но по смртта на својот шеф, одлучува да влезе и во светот на филмот. На патот до Холивуд, ќе разбере дека светот на филмскиот бизнис речиси и воопшто не се разликува од оној на мафијата. Џон Траволта, Џини Хикман, Рене Русо и Дени де Вито во “Get shorty”, трилер комедија за неделна вечер.

И за крај на викендот, во 23.30 часот, Сител ќе го емитува “Вирус”.

 

 

За време на една голема бура, екипажот на еден брод го наоѓа спасот на напуштена модерна платформа. Кога пристигнуваат таму, тие се зачудени, зашто платформата е опремена со врвна технологија, но потполно е напуштена. Набргу, тие откриваат дека на платформата завладеал компјутерски систем кој произведува нови програми и биомеханоиди – механички андроиди, направени од машини и човечки трупови, сомисија да ги истребуваат луѓето. Се работи за филм од 1999 година, во режија на Џон Бруно. Главните улоги ги играат: Џејми Ли Кертис, Вилијам Болдвин, Доналд Сатерленд и Џоана Пакула.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

96-тото издание на филмските Оскари во недела на МРТ 1

В недела, 10 март од 23.30 ексклузивно на Македонската Телевизија ќе се емитува преносот од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!