Запознајте ја приватно Зејнеп, сестрата на Кемал од серијата на Сител

Приказната за животот на Зејнеп од турската хит серија „Карасевда“ не е многу поразлична и во реалноста, барем кога станува збор за актерството. Иако по професија е дипломиран биолог, таа случајно влегува во филмската индустрија во Турција.

Нејзиното име е Хазал Филиз Кучукосе и е родена во 1988 година, а неколку години по завршувањето на високото образование, еден филмски режисер случајно ја забележува на социјалните мрежи и и нуди да почне да учи глума.

По неколкумесечни актерски подготовки на курс, таа активно добива улоги во серии, од кои денес има снимено десетина.

Ја нарекуваат турската Кетрин Зета Џонс, а веруваме ќе се сложите во тоа откако ќе ги погледнете нејзините приватни фотографии на кои е доста поразлична од онаа Зејнеп која ја запознавме во серијата.

Инаку, Хазал минатата година се разведе од својот сопруг, Туан Тунал со кого стапи во брак во 2014 година.
| ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
