Почетна / Сапуници / Турската Кетрин Зета Џонс од „Карасевда“ опасно жешка и приватно

Турската Кетрин Зета Џонс од „Карасевда“ опасно жешка и приватно

 

Запознајте ја приватно Зејнеп, сестрата на Кемал од серијата на Сител

 

 

Приказната за животот на Зејнеп од турската хит серија „Карасевда“ не е многу поразлична и во реалноста, барем кога станува збор за актерството. Иако по професија е дипломиран биолог, таа случајно влегува во филмската индустрија во Турција.

 

 

Нејзиното име е Хазал Филиз Кучукосе и е родена во 1988 година, а неколку години по завршувањето на  високото образование, еден филмски режисер случајно ја забележува на социјалните мрежи и и нуди да почне да учи глума.

 

 

По неколкумесечни актерски подготовки на курс, таа активно добива улоги во серии, од кои денес има снимено десетина.

 

 

Ја нарекуваат турската Кетрин Зета Џонс, а веруваме ќе се сложите во тоа откако ќе ги погледнете нејзините приватни фотографии на кои е доста поразлична од онаа Зејнеп која ја запознавме во серијата.

 

 

Инаку, Хазал минатата година се разведе од својот сопруг, Туан Тунал со кого  стапи во брак во 2014 година.

 

 | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Конечно се открива вистината во „Мојот вујко“ на Сител

По долгото топло лето, време е да се открие она што гледачите долго го чекаа. …