Почетна / МК Сцена / Бијело Дугме со јубилеен концерт во „Борис Трајковски“

Бијело Дугме со јубилеен концерт во „Борис Трајковски“

 

Жешката сезона на концерти организирани од Авалон продукција започнува. На 7 ноември во салата „Борис Трајковски“, по повод 40 години од легендарните „Бијело дугме”, а во рамките на нивната светска турнеја „КО НЕ ПОЛУДИ, НИЈЕ НОРМАЛАН”, ќе се одржи големиот славенички концерт на  Горан Бреговиќ, придружуван од „Оркестар за свадбе и сахране” и Ален Исламовиќ како специјален гостин.

Авалон Продукција со задоволство прифати да го работи овој историски проект, особено ако се земе предвид дека Скопје беше избегнато кога пред 9 години се собра „Бијело Дугме“ и кога имаше само три концерти во Сараево, Загреб и Белград. На оваа турнеја, за која Брега изјавува дека ќе свират секаде во светот каде има „наши” луѓе, ќе бидат изведени сите најголеми хитови на „Бијело дугме” од нивните 9 албуми. Прогресивниот рок, хард рокот и фолк рокот беше музиката која одбележа многу генерации, а до ден денес важи за највлијателниот и најпрогресивниот југословенскиот бенд на овие простори.

 

 

На овој концерт ќе бидат изведени сите познати хитови од 9те албуми на бендот. За концертот и повторната соработка со Бреговиќ, Ален изјави: ”Многу ми драго што повторно со Горан ќе застанеме на бина како во далечната 1989. Ќе ги свириме и пееме сите најубави песни на “Бијело Дугме” и заедно со нашите фанови да го прославиме 40 годишниот роденден на бендот. Јас како последен пејач на Дугме и тогаш ги пеев сите песни, па можам и денес. Секако тоа ќе бидат концерти полни со многу носталгија, тага и среќа. На концертите ќе не прати “Оркестар за свадбе и сахране” но во еден модерен манир. Сакам да ја искористам оваа прилика и да ги повикам сите генерации да ни се придружат заедно да го прославиме овој голем јубилеј ”.

 

 

Билетите можете да ги набавите насекаде околу Вас преку продажната мрежа на КупиКартиЗаСе, Розе – Веро 2, Камарад, специјалното продажно место во Skopje City Mall како и online на:

http://kupikartizase.com/Events/40_godini_bjelo_dugme_goran_bregovik_ft_alen_islamovik

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Популарниот водител Стефан најавува летен музички хит

Оваа недела (18 август), точно во 17 часот ќе биде промовиран видео записот за првата …