Почетна / Живот / Џоел Ламберт ќе застане лице в лице со најголемите предатори

Џоел Ламберт ќе застане лице в лице со најголемите предатори

 

„Одблизу со предаторите со Џоел Ламберт“ – на Дискавери

 


 

Поранешниот маринец  Џоел Ламберт им закажува блиска средба на најголемите предатори во нивните живеалишта за да открие зошто го носат токму тој примат. На блиска средба  со поларната мечка, лавот, хиената и белата ајкула во новиот серијал „Одблизу со предаторите со Џоел Ламберт“ кој започнува да се прикажува од недела, 8 ноември во 22 ч. на Discovery Channel.

Со помош на посебно дизајнираната теренска полукружна капсула од армиран поликарбонат, Џоел го надгледува  секое животно посебно, им прави тестови и експерименти и ја користи својата војничка обученост за да стекне претстава како големите грабливци го следат, ловат и убиваат својот плен.

 


 

На Арктикот екпедицијата доживува неколку спектакуларни средби со поларните мечки преку капсулата поставена на тенок мраз. Во Замбија средбата со лавовите е многу пострашна одошто претпоставуваше екпедицијата. Во Фолс Беј во Јужна Африка за прв пат ќе се најдат лице в лице со големата бела ајкула и ќе добијат вредни информации за нивната физиологија и начин на однесување. На крај, со посебно дизајниран тест за интелегенција ќе се обидат да утврдат дали навистина хиената е најпаметниот предатор.

 


 

Секоја нова епизода може да ја проследите секоја недела во истиот термин во кој ќе бидете сведоци на средбите на познатиот авантурист со најголемите грабливци, се со цел да го проучи нивното однесување, ловење и убивање. 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Боки 13 го најави предметот „Бумеранг“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од денеска ја почнува кривично-правната операција …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!