Почетна / Забава / Ќе ја препознаете ли Росалинда денес?

Ќе ја препознаете ли Росалинда денес?

 

Таа е една од најценетите и најпознатите латино-американски пејачки и актерки, Талија, којашто кај нас стана вистинска сензација благодарение на серијата „Росалинда“ емитувана на Македонската телевизија.

 

 

Иако после оваа серија Талија никогаш повеќе не ја видовме на телевизиските екрани како актерка, сепак нејзиното име остана запаметено. Сиве овие години Талија се посвети на музичката кариера и досега има снимено 12 студиски албуми. Омажена е за бизнисменот Томи Мотола кој е поранешен сопруг на Мараја Кери, со него има две деца, девојче и момче.

 

 

Денеска во 41-та година од својот живот изгледа совршено, со тело на коешто може да и позавиди секоја мајка. Талија во овие моменти работи на турнејата низ Америка на којашто го промовира последниот албум „Habitame siempre“. Веднаш потоа турнејата ќе продолжи низ Европа.

 

 

Против летните горештини традиционално се бориме со ладен пијалак и добар латино ритам, па затоа го препорачуваме вечниот хит на Талија – Amor a la Mexicana, песната на која не и одолеа ниту претседателот на САД, Барак Обама, ќе погледнете подолу во видеото. Фотографиите во галеријата се направени последните неколку дена и се преземени од нејзините официјални профили на Фејсбук и Инстаграм.

 

 

 

 

 

 

{gallery}062013/thalia1{/gallery}

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Луксузниот бренд ,,Елена Лука” го носи својот гламур во Њујорк!

Десетгодишниот јубилеј означува една нова ера за етаблираниот моден бренд Елена Лука и македонската мода …