Почетна / Сапуници / Телма ја укинува серијата “Измамничка”, гледачите реагираат

Телма ја укинува серијата “Измамничка”, гледачите реагираат

 

Телма ја укинува серијата “Измамничка”

 

На само 15 епизоди пред крајот, Телма ја укинува латиноамериканската теленовела “Измамничка”. Од понеделник серијата ја нема повеќе во програмската шема на телевизијата. Сакајќи да понуди програма која не е застапена на другите национални телевизии, Телма одлучи оваа сезона да вметне и теленовела во програмата која се емитуваше во 7 часот премиерно со реприза во 14 часот.Ваквиот потег наиде на големо задоволство кај публиката која ги следи овие серии и ги бара назад на националните телевизии, кои долг период не ги емитуваат.

 

 

Меѓутоа пред некоја недела, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги по извршениот увид, излезе со соопштение дека серијата Измамничка не е серија која може да се категоризира како за целата публика. Поради тоа, Телма требаше да ја категоризира програмата како за трета категорија и по наредба од АВМУ, да не ја емитува повеќе од 7 до 19 часот кога не се емитуваат таквите програми од трета категорија.

Гледачите кои ја следат секојдневно серијата, реагираа и до ТВ Пакет со барање Телма да ги прикаже и последните 15 епизоди, макар и во ноќен термин.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Феноменот “Кога лисјата паѓаат” доби нова надсинхронизација на Алфа

Eмотивната семејна драма прикажувана во 2010 и 2011 година на најгледаната телевизија А1 повторно на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!