Почетна / Телевизија / Серијалот за трикови „Карбонаров ефект“ секој петок на Дискавери

Серијалот за трикови „Карбонаров ефект“ секој петок на Дискавери

 

Нова риалити емисија на Discovery каналот

 

 

Од 1 мај (петок) на кабловскиот канал Дискавери со емитување започна нов интересен документарен серијал. Се работи за “Карбонаров ефект”, која со по две епизоди ќе се емитува секој петок во 20 часот.

Мајкл Карбонаро е магионичар по професија, но во срцето е вистински шегобиец. Во серијалот Карбонаров ефект изведува трикови кои го збунуваат обичниот човек во секојдневните ситуации. Сите остануваат зачудени и воодушевени, иако појма немаат што всушност се случило. Секој нивна реакција се снима со скриена камера.

 


 

Има и други магионичари кои си имаат сопствени шоуа, но никој не го прави тоа на начин како што Мајкл го изведува во Карбонаро ефект.

Не само што дечкото  е генијален,туку  тој и ги изведува триковите на начин што не сте сигурни што е возможно а што не. Тој директно не се претставува како магионичар, туку зазема некоја улога на одредена локација. Сите учесници остануваат со отворена уста.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …