Почетна / Серии / Теленовели / Пристигна уште една индиска серија без крај

Пристигна уште една индиска серија без крај

 

„ОТФРЛЕНА“
Број на епизоди: 1170+

 

„Oтфрлена“ е индиска серија која се прикажува во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Дејството во серијата се преместува два пати, еднаш за 10, а вториот пат за 18 години. Снимањето на серијата започнало во 2008. година и секако, сеуште трае. Алфа телевизија ги откупи правата за емитување на оваа серија во Македонија и истата ќе ја емитува на својата програма. „Отфрлена“ во соседна Србија ги собори рејтинзите на сите останати програми што се емитуваа во нејзиниот термин. Ниту една турска ниту шпанска серија во Србија не успеа да ја надмине гледаноста на оваа серија досега.

 

Содржина:
Ова е приказна за Ичи и Тапасја, две девојчиња кои потекнуваат од сосем различни општествени слоеви. Тапасја е ќерка на богатите Дивја и Чоги Такура, родена во раскош, но и покрај тоа, таа е многу добра, скромна и послушна. За разлика од неа, Ичи е сиромашна која рано останала без татко и живее само со нејзината мајка Дамини која работи како куќна помошничка во куќата на семејството Такура. Ичи и Тапасја се најдобри другарки на кои не им пречи тоа што едната е сиромашна, а другата богата. Кога таткото на Тапасија открива дека ненамерно е виновен за смртта на таткото на Ичи, тој чувствува грижа на совест и сака да ја поправи грешката. Затоа се грижи за Ичи како за своја ќерка што им смета на другите членови на семејството. Сумитра, тетката на Тапасија не сака да ги прифати Ичи и Домини и затоа почнува да ја врти Taпасја против Ичи. Но по многу години, почнува да пропаѓа пријателството на Ичи и Тапасја. Ичи се вљубува во Вир, убав и богат човек што почнува да и смета на нејзината најдобра другарка.

Улоги: Tina Dutta, Rashmi Desai Sandhu, Nandish Sandhu, Sreejita De, Saurabh Raj Jain, Vaishali Thakkar, Ayub Khan, Pragati Mehra, Pratima Kazmi, Monalika Bhonsle, Beena Bannerjee…

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се разоткрие ли шверцот во следните епизоди од „На граница“?

Секоја сабота и недела во 18 часот на Сител телевизија ја следите новата хрватска комедија …

Leave a Reply