Почетна / Серии / Откриени се непознати детали од Friends!

Откриени се непознати детали од Friends!

Пријателите какви што не ги познавате: Откриени се непознати детали!

 

 

Серијата “Пријатели” и до денес се вбројува во најомилените телевизиски програмски содржини ширум светот, а сега пред јавноста се откриени и многу непознати детали поврзани со снимањето. Моника толку го изнервирала продуцентот што тој ја нарекол кур** и уличарка.

Ликот на Моника Гелер, што го толкуваше Кортни Кокс, никогаш не бил омилен за првиот продуцент на шоуто Дон Охлмејер, открива неговата колешка Марта Кауфман. Тој сметал дека Моника е промискуетна.

За еден магазин Кауфман открива што се случувало по прикажувањето на првата епизода од ова шоу во 1994-та година. По емитувањето на епизодата, првото прашање на Дон упатено кон публиката било, дали Моника ја доживуваат како кур**, ороспија или уличарка. Досега необјавените информации од зад сцената на популарното шоу се појавија во книгата “Inside the Rise and Fall of Must See TV” напишана од Ворен Литлфелд.

 

 

“Денес тоа е речиси неверојатно, но во 1994-та година беше реткост да се види шоу кое зборува за младите луѓе и нивните односи”, вели Литлфелд. За продуцентот на NBC било интересно тоа што Моника во првата епизода го повикала дечкото во својот стан кој што го запознала истата вечер. Тогаш, тој дечко, Пол, на Моника и рекол дека не спиел со ниту една жена по смртта на неговата сопруга. Моника следниот ден дознала дека тоа било само изговор за да ја одведе во кревет.

“Дон рече дека Моника е самата виновна што паднала на неговата шега и што прифатила да има секс со него”, вели Кауфман, и додава дека на него не му се допаднала идејата за секс без обврски. За среќа, публиката немала ништо против тоа.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алфа ќе емитува уште една српска серија, емитувана веќе на Сител

“Ја бранев младата Босна” сега станува “Адвокатот на атентаторот” Од 2 март (сабота) во 20 …