Почетна / Сапуници / Новогодишен ТВ пакет од TDC за гледачите – три нови турски серии
Три премиерни серии на TDC - серии кои следуваат ексклузивно само на овој кабловски канал

Новогодишен ТВ пакет од TDC за гледачите – три нови турски серии

Три нови премиерни наслови стигнуваат на кабловскиот канал Dizi (Timeless drama channel). Сите оние кои се на операторот А1 веќе од 28 декември ќе може да ја следат новата турска трилер серија “Инсајдер”.

Приказна за двајца браќа, разделени уште како мали, но години потоа, двајцата ќе се најдат на две различни страни од законот. Гангстерски пресметки и борба за невозможна љубов ќе станат дел од животите на овие двајца браќа, инфилтрирани онаму каде секој погрешен чекор се плаќа со крв и солзи.

Oд 22 февруари 2021 ќе се емитува “Срцето на градот”, уште една серија исполнета со љубов, мрачни тајни и криминални дејствија. Главниот актер ја доби наградата за најдобар актер на Seoul International Drama Awards токму за улогата на морнарот Али, кој доаѓа во Истанбул во потрага по корените на минатото.

И уште едно сосема ново изненадување следува во 2021-ва година на каналот за турски серии. Вашиот омилен, Вљубениот ерген се враќа со “Кузгун”, серија од креаторите на “Карасевда”.

Мафијашка приказна за сиракот Кузгун кој ќе биде приморан да се инфилтрира во мафијата како би се одмаздил за смртта на татка си.

Но, може ли желбата за одмазда да биде уништена од силата на љубовта и тоа кон онаа во која никогаш не смееше да се вљуби, ќерката на непријателот?

Следете трилер серии на TDC.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Шениз од „Суровиот град“ – „жешка“ и сурова и приватно

Турската актерка Мине Тугај ја гледавме во улогата на опасната Шениз Карачај во турската драма …

error: Содржината е заштитена!