Почетна / Филм / Џорџ Клуни во романтичната драма „Во воздух“, вечерва на МТВ

Џорџ Клуни во романтичната драма „Во воздух“, вечерва на МТВ

 

20.15 часот, “Up in the air”, филм на Прва

 

Рајан Бингам е главниот лик во филмот,  кој навистина живее во облаци. За живот заработува на тој начин што отпушта вишок на вработени во компанијата за која работи, во случај кога нивните шефови не умеат тоа да го сторат. Во авион тој поминува 300 дена во годината.

 

 

Изолацијата не му пречи, напротив, тој ужива во неа. Рајан е наполно отуѓен од своето семејство и без блиски контакти со луѓето. Негов дом стануваат авионските седишта и аеродромските хотели а вештачките светла, рециклираниот воздух и евтиното суши, топло го потсетуват на неговиот дом. Кога ја запознава Алекс и се зближува со неа, тој започнува да се прашува вреди ли на луѓето да им се даде шанса за да се отпочне со „поприземен живот”?

 

 

Филмот е снимен според истоимениот роман на Волтер Кирн и бил номиниран за 6 Оскари, вклучувајќи ја номинацијата за најдобар филм и за режија. Младиот и успешен канадски режисер Џејсон Рајтман успева да не вклучи во дејството на овој исклучителен филм и да го открие вистинското лице на главните ликови, кои всушност се  многу осамени и се кријат зад лажната самоувереност.  Филмот ја обработува темата на отуѓување меѓу луѓето, но истовремено ги промовира вистинските вредности и клучната улога на семејството, во период на Светската економска криза.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ексклузивно на Телма – документарен филм за војната на Блискиот Исток

Целни атентати, бомбашки напади, неидентификувани воени напади се натрупуваат низ целиот Блиски Исток. Може ли …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!