Почетна / Забава / За Икодиновиќ, Станија и Сораја се „курви“

За Икодиновиќ, Станија и Сораја се „курви“

Данило Икодиновиќ, некогашниот ватерполо репрезентативец на Србија, последните денови секојдневно е пристутен во медиумите, и тоа само поради своите ставови што ги изнесува на својот Твитер профил. Поранешниот сопруг на Наташа Беквалац на популарната друштвена мрежа им се нафрли на многумина, но изгледа дека најомилени му се старлетите.

„Како можете да пишувате зборови како ку*ва, ку*ветина и слично? Не е важно дали се работи за Станија или Сораја… сеедно. Каков е тој начин не ми е јасно“, напиша една непозната девојка што го следи профилот на Икодиновиќ, на што тој и одговори: „Имаш право, ги навредуваат курвите!“

 

 

Станија, пак, за која неодамна се зборуваше дека добила стан на подарок, вели дека Данило не е џентлмен. „Вистинските мажи и џентлмени никогаш не ги именуваат жените. Не разбирам зошто тој на таков начин го навредува женскиот род кога една која ја истетовира на раката го направи најголем лузер во Србија. Сега разбирам поради што“, изјави Станија за „Ало“.

 

Сораја Вучелиќ на провокацијата одговори преку Фејсбук.

„Ме интересира само со која рака Данило Икадиновиќ го напиша статусот на Твитер за да знам дали да го жалам, или да му се смеам! Но кога ќе размислам некои луѓе се доволно казнети од Бог за да уште и јас им стојам на маката“, напиша некогашната учесничка во „Големиот брат“.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влезниците за концертот на Брајан Адамс пред распродавање!

Влезниците од категоријата ПАРТЕР за претстојниот концерт на Bryan Adams кој ќе се одржин1 13. …