Почетна / Филм / Саботна вечер на Телма со француската комедија „Мадам“

Саботна вечер на Телма со француската комедија „Мадам“

Додавајќи малку зачин на бракот, Ана и Боб, богат и добро етаблиран американски пар, се преселуваат во куќа во романтичниот Париз.

Додека подготвува луксузна вечера за софистицирани меѓународни пријатели, нашата домаќинка открива дека случајно има тринаесет гости, што секако носи несреќа.

Во паника, Ана инсистира нејзината лојална слугинка Марија да се маскира во мистериозна шпанска благородничка за да се смени бројот од несреќниот 13.

Но, малку повеќе вино и неврзан муабет прават Марија да му се допадне на еден британски брокер со уметнички дела. Нивната романса ќе ја натера Ана да ја брка својата слугинка низ Париз за конечно да успее да ја уништи оваа најнеочекувана љубовна врска.

Приказната попатно ги третира тешкотиите помеѓу општествените класи и животите на имигрантите, но сепак останува лесна и духовита. Сабота, 2 ноември, 19.15 часот, Телма телевизија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Документарец за Белата куќа и трилер со Џон Траволта вечерва на Телма

Неделна филмска вечер на телевизија Телма. Прво гледаме истражувачки документарец за Белата куќа, снимен како …

error: Содржината е заштитена!