Почетна / Телевизија / „Еден бакнеж“ – освежување на македонскиот етер

„Еден бакнеж“ – освежување на македонскиот етер

 

ЕДЕН БАКНЕЖ
недела, 20 часот, Алфа ТВ

 

Водителката Ирена Спировска и Игор Ангелов, актер од Драмски театар се новата ТВ двојка, која ќе ја води новата забавно музичка емисија на ТВ Алфа „Еден бакнеж“. Тоа ќе биде циклус емисии со најубавите македонски поп евергрин песни.

Најнова продукција на Алфа ТВ е емисијата „Еден бакнеж“ посветена на незаборавните евергрин рефрени на македонската забавна музика. Емисијата е своевиден времеполов кој ќе не потсети на најубавите македонски шлагери, фестивалски композиции, поп и рок хитови од четири различни декади.

 

 

Од почетокот на шеесетите години, па се до двеилјадитата. Пејачите кои ќе ја имаат честа, но и одговорноста да ги отпејат во живо старите евергрини се Адријана Јаневска, Наде Талевска, Елена Петреска, Јоце Панов, Ѓорѓи Крстевски и Горан Наумовски подржани од бендот на Благој Маротов, кој е задолжен и за аранжманите. Вовед во секоја декада ќе бидат светски, европски или ЈУ хитови од тоа време.

Во секоја емисија ќе има и соговорници со кои ќе раскажуваат за случувањата кои го обележале периодот кога се создавани овие евергрини.

 

П.С. – Ќе ги замолиме од Алфа да се одлучат во која категорија припаѓа нивниот нов проект, бидејќи истиот во програмата беше најавен како мини серија – 20:00 Еден бакнеж – мини серија (премиера).

 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …