Почетна / Серии / Чикаго ФД | Ни Лејди Гага не успеа да го изгаси згодниот пожарникар

Чикаго ФД | Ни Лејди Гага не успеа да го изгаси згодниот пожарникар

Ѕвездата на Сителовата серија “Чикаго ФД”, Тејлор Кини беше во љубовна врска со познатата Лејди Гага.

Неколку години, двајцата демонстрираа силна љубов пред камерите, а во интервјуата ја раскажуваа со задоволство нивната љубовна приказна која започна на сетот на нејзиниот видео клип за “You and I”.

Сепак се увиде дека убавецот Тејлор, кој изгледа немаше проблем со ексцентричниот темперамент на пејачката, сепак не успеал да го издржи нејзиното бурно темпо на живот.

Според гласините, двајцата раскинале по едногодишна свршувачка најмногу поради фактот дека Кини живее главно во Чикаго, каде ја снима својата серија, а Лејди Гага речиси никогаш не се наоѓа во овој град.

Нивната врска започна во 2011 година, свршувачката се случи во 2015 година, а разделбата една година потоа.

За време на годините поминати заедно, немаа срам да се фотографираат во експлицитни пози и полуголи.

Но, дали згодниот пожарникар денес има девојка?

Како и сите други, Тејлор практикува социјално дистанцирање и поминува многу време дома бидејќи коронавирусот продолжува да се шири низ целиот свет. По раскинувањето со Гага, јавноста не знае скоро ништо за љубовниот живот на пожарникарот од Чикаго.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови епизоди од „Светот на Биби“ секој ден на МРТ 1 во 19 часот

Нови епизоди од серијал на цртани за деца од претшколска и рана училишна возраст. Кратки …

error: Содржината е заштитена!