Почетна / Забава / Вртелешката во Скопје пристигнува во јануари

Вртелешката во Скопје пристигнува во јануари

 

Долгонајавуваната вртелешка на скопскиот плоштад ќе биде поставена неколку денови по дочекот на Новата година. За набавката на вртелешката е задолжена фирмата „Технометал-Вардар“, која има за цел да ја донесе од Италија, јавува Скопје инфо.

 

 

Новата атракција ќе биде платена од „Паркови и зеленило“, а ќе биде поставена веднаш пред зградата на МЕПСО.

„Работата е завршена. По шест неуспешни тендери за избор на фирма која ќе го набави т.н. каросел, одлучивме вртелешката да ја купиме со непосредна спогодба, што е дозволиво со законот за јавни набавки. Според потпишаниот договор, „Технометал“ има обврска да го постави кароселот најдоцна до 20. јануари идната година“, накусо објаснил Душан Авировиќ, директор на „Паркови и зеленило“. Според него, се уште е рано да се зборува колкава ќе биде цената за возење на кароселот. Ценовникот, како што вели за Утрински Весник, Авировиќ, ќе го утврди Советот на Град Скопје откако објектот ќе биде изграден. Засега, начелно е договорено дека со вртелешката ќе стопанисува претпријатието.

Кароселот ќе има најмалку 17 коњчиња со по едно седиште, минимум две кочии со четири седишта и две ротирачки чаши со по две седишта. Возењето на вртелешката ќе трае најмалку 3 минути. „Паркови“ побарале вртелешката да биде најмалку висока и широка осум метри.

 

 

 

Ивана Таневска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

RING – ABBA TRIBUTE спектакл на 15 март во „Македонска опера и балет“.

По повеќе од 100 концерти во 12 земји низ Европа и Азија, RING – ABBA …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!