Почетна / Телевизија / ТВ БТР Национал го слави 20-от роденден

ТВ БТР Национал го слави 20-от роденден

 

Најпопуларната телевизија помеѓу Ромите во Македонија, ТВ БТР Национал денеска наполни 20 години. Тимот на ТВ Пакет им ја честита годишнината од постоењето, нека се множат родендените!

 

 

Телевизија БТР е локална приватна телевизиска станица кој емитува програма во градот Скопје. БТР Национал се вбројува како една од првите телевизии во светот што 24 часа дневно емитуваат програма на ромски јазик. Името на телевизијата е добиено од кратенката „BTR“ или „Biathinalo ternengoro radio“ што на македонски јазик значи Независно младинско радио. Во своите почетоци БТР функционираше само како радиостаница во просториите на киното „26. јули“, населба Шуто Оризари.

„Во бизнисот со радиото влегов со пет илјади марки“, се потсетува младиот Зоран Димов кој се потпишува како сопственик на телевизијата. „За кусо време радиото стекна таква популарност во Шутка, што само од порачки за песни месечно заработував по 30.000 марки. Тие денови, во 1993. година Ромите не спиеја – само слушаа БТР и се веселеа“, додава тој.

 

БТР во телевизиски канал еволуираше на 5. декември во 1994. година. Телевизијата е сместена во куќата на Есма Теодосиевска, на скопското Кале, кадешто се наоѓа и Музејот на Ромите, како и урната со пепелта на нејзиниот починат сопруг Стево. ТВ БТР Национал емитува програма од различен карактер, и тоа: Информативна, забавно-рекреативна и спортска, но сепак доминира музичката програма. Тоа се оние прочуени поздрави и честитки со коишто Ромите и другите гледачи меѓусебно си ги честитаат убавите моменти. Сепак, Зоран Димов потенцира дека, за разлика од „ривалската“ Шутел телевизија, тие многу повеќе внимание обрнуваат на посериозни содржини, како што се вестите.

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТВ Телма ексклузивно на Глобален медиумски конгрес во Дубаи

Медиумската индустрија се развива брзо, а бизнисите мора да се адаптираат за да напредуваат. Дизајниран …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!