Почетна / Забава / Евровизија / Во новата песна Есма пее на ромски јазик

Во новата песна Есма пее на ромски јазик

 

Денеска ќе биде завршена песната со којашто Есма и Лозано дефинитивно ќе не претставуваат на „Евровизија“. Песната се работи во студиото на Дарко Димитров, кој е автор заедно со Лазар Цветковски. Утрински весник открива дека Есма овој пат својот дел ќе го пее на ромски јазик.

“Делот на Есма е комплетно изменет, нов, повторно е мој и музика и текст, а аранжмански ќе го склопи Дарко Димитров. Оваа песна нема никаква врска со претходната. Комплетно е нова. Сега одиме повеќе на џипси-стил, нема толку етно- мотиви како што имаше во „Империја“, вели Атанасов за Утрински весник.

Песната за јавноста ќе биде промовирана утре.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боби Андонов во предност за претставник на Евровизија 2027

Поминаа само неколку недели од официјалното објавување за враќањето на Македонија на Евровизија 2027, а …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!