Почетна / Телевизија / Видео | Шпанска серија во „Се за љубов“

Видео | Шпанска серија во „Се за љубов“

 

Српското телевизиско шоу „Се за љубов“ со години се емитува во Македонија, но приказната којашто ќе биде прикажана во најновото издание е сосема необична за концептот на шоуто.

 

 

Имено, ќе помислите дека гледате „Крвта не е вода“, само што ова нема да биде симулација на настанот туку приказна раскажана од самите инволвирани лица во неа. Жената за својот живот вели дека е полош и од шпанска серија, односно е толку испреплетен што ќе ве шокира.

 

 

Врската со нејзиниот сопруг со текот на годините сосема се истенчува, толку што во еден период од животот таа и тој спијат во разделени соби. Жената наоѓа утеха во нова љубов и одржува врска додека нејзиниот сопруг го знае тоа. Нејзиното момче постојано и купува подароци, а нејзиниот сопруг ги користи истите и воопшто не му смета тоа.

Доаѓа време да се стави крај на распаднатиот брак, па дали од инает или не, веднаш потоа нејзиниот поранешен сопруг влегува во врска со поранешната сопруга на нејзиниот нов партнер. Животот на овие четири лица станува пекол, работата станува толку сериозна што и полицијата вмешува прсти.

Продолжението на приказната ќе го погледнете во сабота во 17:10 на Сител телевизија.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …