Почетна / Забава / Саваш и Езел може да останат во затвор 17 години

Саваш и Езел може да останат во затвор 17 години

 

Кривичниот суд во Истанбул го потврди обвинението за кривично дело „трговија и конзумирање опојна дрога” за 53 лица, меѓу кои се и голем број на познати турски актери, пренесува турски „Милиет“.

 

 

За нас најпознатите меѓу нив се Кенан Имирзалиоглу, познат во Македонија по улогата на Езел во истоимената серија, како и Мурат Јилдирим, најпознат по улогата на Саваш во серијата „Љубов и казна“. За обвинетите побарана е затворска казна во висина од 6 до 17 години затвор поради „трговија со дрога” и „конзумирање или поседување дрога”.

 

 

„Езел“ е обвинет дека обезбедил место за складирање и конзумирање дрога, бидејќи дрогата ја конзумирал заедно со колегите во својот дом. Во обвинението се додава дека Имирзалиоглу, при техничкото прислушување и следење на неговиот телефон, дрогата ја спомнувал под шифра како „ЦД”, „млеко” и „бела рада”. Во изјавата во своја одбрана, Имирзалиоглу изјави дека дрога пробал само еднаш пред две години, кога летувал на островот Сими со пријателите кои му понудиле марихуана, и освен тоа не конзумирал дрога.

Првото судење е закажано за 21, 22 и 23 мај во Кривичниот суд во Истанбул.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт „Поврзување” во Филхармонија под диригенство на Чадловска

„Поврзување” е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, 14 март …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!