Почетна / Забава / Евровизија / Видео | Кантри фолк песна ќе ја претставува Холандија на Евросонг

Видео | Кантри фолк песна ќе ја претставува Холандија на Евросонг

 

Douwe Bob – Slow Down (Холандија)

 

Холандија е дел од првите учеснички на Евровизија уште во 1956 година и досега има освоено четири победи (1957, 1959, 1969 и 1975 година). Од воведувањето на двете вечери во 2004 па до 2012 година имаа прилично лоши резултати. Конечно во 2013 година решаваат да се пробат со интерна селекција, која им го носи деветтото место во финале. Веќе наредната 2014 година, со баладата Calm After the Storm го освојуваат второто место и воедно нивен најдобар резултат од победата во 1975 година. На 20 септември минатата година беше објавено дека Холандија на Евровизија 2016 ќе ги претставува нивниот популарен млад музичар Douwe Bob.

 

Douwe Bob Posthuma е роден во Амстердам, има само 23 години, и е попознат по членството во групата The Fool. Уште од својата шеста година започнува да свири на пијано и да се насочува кон класичната и џез музика. На 14 години започнува да свири на гитара. Како пејач тој е инспириран од кантри, фолк и поп музиката од 50-те и 70-те години. Во 2012 година учествува во шоуто De beste singer-songwriter van Nederland каде што го освојува првото место со неговата нумера Multicoloured Angels со која влегува во Dutch Top 40 листата.

 

 

Својот деби албум Born in a Storm го издава во 2013 година а поголемиот дел од песните во него ги напишал во Мароко додека бил на одмор. Минатата година го издава синглот Hold Me во соработка со Anouk, а веќе во мај го издава вториот албум Pass It On.

 

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија надвор од Европа – нема да учествува на Евровизија 2025

Според објавената Предлог програма на МРТ за 2025, на Првиот програмски сервис, можеме да заклучиме …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!