Почетна / Телевизија / Видео | Водителот Милан Калиниќ како Жаде и Малечката невеста

Видео | Водителот Милан Калиниќ како Жаде и Малечката невеста

 

Водителот на Пинк игра стомачен танц

 

 

Вчеравечер во премиерното издание на “Пинк ѕвезди” во Србија, еден од натпреварувачите приреди интересно шоу за целата публика и жирито. Откако Ренато Захировиќ  ја испеа “Игри без граници” и се пласираше во понатамошните натпреварувања од шоуто, водителот Милан Калиниќ му рече да испее нешто на арапски. Кандидатот ја испеа арапската песна “Habibi ay nur el ain”, а Милан не одолеа а да не заигра еден стомачен танц како што тоа го правеше легендарната Жаде на оваа песна. По пеењето на арапски, Милан го искуши кандидатот да отпее и нешто индиско како во Малечката невеста, по што и самиот заигра во стил на индиските танци.

Погледнете и сами за што се работи:

 

Оваа епизода на Алфа телевизија ќе може да ја погледнете следнава седмица, од вторник до петок во 21 часот, со оглед на тоа дека Алфа телевизија ги емитува емисиите кои одат во Србија во сабота навечер, сецкани на четири дела.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!