Почетна / Телевизија / Алфа ја доби фреквенцијата на А1 телевизија

Алфа ја доби фреквенцијата на А1 телевизија

 

Tелевизија Алфа доби дозвола да прекине со емитувањето преку сателит и дозвола за вршење радиодифузна дејност на национално ниво, соопшти Советот за радиодифузија. Фреквенцијата е земена од поранешната А1, најгледаната телевизија во Македонија речиси една деценија, која згасна во 2011. година.

За концесијата конкурирале и Канал 77 од Штип, кој наместо концесија за работа на државно ниво доби укажување „да го усогласи работењето бидејќи е констатирана недозволена медиумска концентрација“.

Советот за радидофизија соопшти дека од 1. јуни кога во сила стапува дигиталниот пренос на телевизиската програма, 31 телевизија сигналот ќе го пренесува преку операторот „ОНЕ“, а останатите 30 преку кабелските оператори.

 

извор: Нова ТВ

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

80 години Македонска Радио Телевизија

80 години радио и 60 години телевизија, МРТ слави јубилеј, а гледачите преку програмата „Ризница“ …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!