Почетна / Забава / Евровизија / Вака изгледаше втората проба на Калиопи на сцената во Стокхолм

Вака изгледаше втората проба на Калиопи на сцената во Стокхолм

 

Калиопи подготвена за својот настап во четврток во Стокхолм

 

 

61. издание на најголемиот европски музички натпревар Евровизија започнува со првото полуфинале во вторник, 12 мај во 21 часот. Македонската претставничка Калиопи, одбрана по втор пат интерно од страна на Македонскиот радиодифузен сервис, ќе ја пее “Дона”, песна која како и “Црно и бело” е дело на Ромео Грил. Таа настапува во четврток, на второто полуфинале. 

 

 

Во шведската Арена „Ериксон глоуб“, Калиопи ја имаше и својата втора проба, а како изгледаше и звучеше, погледнете од видеото :

 


 

Таа настапи заедно со своите придружни вокали Маја Саздановска, Марија Наумовска, Калина Велковска и Јулија Карамитрова-Огненоска, а креацијата е на нејзината долгогодишна соработничка Розе Трајчевска.

Уште еднаш, Калиопи покажа брилијантна интерпретација и елеганција на сцена која најдобро ја доловува нејзината Дона.

 


 

Како најголем фаворит за победа на овогодинешната Евровизија се споменува Русија и нејзиниот претставник Сергеј Лазарев, чија песна и настап ги споредуваат со ланскиот победник Шведска. Освен Русија, обложувалниците во првите места ги вбројуваат Украина, Франција, Шведска и Австралија.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Тамара успеа да се пласира во финале, Македонија горда!

Вечерва, македонската претставничка Тамара Тодевска нè направи горди со својот настап на најголемиот европски избор …