Почетна / Живот / Трката на велосипедисти Giro d’Italia од 06-29 мај на Eurosport 1

Трката на велосипедисти Giro d’Italia од 06-29 мај на Eurosport 1

 

Од 6 до 29 мај на првиот канал на Еуроспорт

 

Овогодишното издание на трката Giro d’Italia започна во Апелдорн и по 12 пат во историјата почна надвор од Италија, а по Амстердам во 2010 ова е втор почеток од Холандија. Од четвртата етапа возачите се селат во Калабрија од каде преку цела Италија ќе продолжат спрема север кон Алпите и ќе завршат во Торино.

 


 

Алберто Контадор, минатогодишниот победник ќе ја пропушти трката. Шпанецот кој ги победи Фабио Ару и Микел Ланду во 2015, во моментов напорно тренира за Tour de France на кој можеби и ќе ја заврши професионалната кариера. Се очекува дека поради Контадор, Винчензо Нибали (Астана) е еден од фаворитите за вкупната победа. Италијанецот трката ја има освоено во 2013, а меѓу најголемите конкуренти му се Микел Ланду кој оваа зима премина од Астана во Скај како и Алехандро Валверде, победник на трката Флече Валоне.

 


 

За разлика од минатите изданија, оваа година нема да има тимски коментатор. Возачите ги очекуваат три индивидуални хронометри со вкупна должина од 61 километар. Трката има 21 етапа од кои 7 се ридски и 7 спринтерски. Просечна должина на етапа е 161 километар, а севкупната километража е 3383 км.

22 екипи со по 9 возачи се спремни за Giro d’Italia 2016. Трката во живо ќе се пренесува на Eurosport 1.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промовирана „Збирка есеи од кинеската филозофија“ на Стаматов

Ви ја претставуваме „Збирка есеи од кинеската филозофија” од Д-р Александар Стаматов во издание на …