Почетна / Забава / Евровизија / Македонија ќе учествува на Евровизија 2027 во Софија

Македонија ќе учествува на Евровизија 2027 во Софија

Новиот директор на МРТ,  Зоран Ристовски, кој несомнено буди голема надеж и верување за гледачите на МРТ, изјави дека следната година Македонија ќе учествува на конкурсот за избор на песна за Евровизија.

„Сигурен сум, речиси 100% дека следната година одиме на Евровизија во Софија“, рече Ристовски на јавната седница на Програмскиот совет на МРТ, одржана на 21 мај 2025,

Ристовски потенцира дека оваа година одиме и на победа на детска Евровизија, а дека веќе се распишани јавните огласи за избор на композиција која ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2026 година.

Тој додаде дека претходната недела имале и средба со ЕБУ (Европска Радиодифузна унија) кои предложиле и посебен пакет за МРТ (Македонска радио телевизија) кој ќе ги намали трошоците.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Словенија ќе емитува филмови за Палестина наместо Евровизија 2026

Рдиотелевизија Словенија нема да го емитува овогодинешниот Евросонг, а во времето на полуфиналето и финалето, …

error: Содржината е заштитена!