Почетна / Забава / Евровизија / Објавен конкурс за избор на песна за детската Евровизија

Објавен конкурс за избор на песна за детската Евровизија

Maкедонската Радио Телевизија објавува Повик за аудиција на вокален интерпретатор/и за Јуниорски Евросонг 2026, кој оваа година се одржува во Валета, Малта. Пријавените кандидати треба да се на возраст помеѓу 9 и 14 години на денот на финалната манифестација, 24 октомври 2026 година. Кандидатите, апликациите ги поднесуваат на електронската адреса: [email protected]

Сите кандидати треба да се државјани на Република Северна Македонија или да имаат регулиран престој во Република Северна Македонија. Пријавата треба да ги содржи основните податоци:

– Име и презиме, Датум и место на раѓање

– Две инструментални матрици ( wav формат )

– Email адреса и контакт телефон на еден родител

Учесниците на аудицијата треба да исполнат две композиции по сопствен избор на инструментална матрица. Комисијата го задржува правото да побара од кандидатите да отпеат и дел од некоја друга композиција. Покрај вокалната изведба, кандидатите се должни да се претстават и со краток сценски настап како дел од целокупната презентација. Сценскиот настап подразбира користење на сценскиот простор, изразување емоции преку движење и мимика, како и остварување контакт со публиката. Ќе се вреднуваат природноста на изразот, сценската присутност и целосната уметничка интерпретација на композицијата.

Учесниците се обврзани со себе да донесат технички исправен носач на звук – УСБ (wav формат). Учесниците се обврзани да ги достават матриците и на меил адресата jе[email protected] при самото пријавување.

Пријавувањето за аудиција е отворено од денот на објавување заклучно со 29 мај 2026 година, а аудицијата ќе се одржи на 1 јуни 2026 година со почеток од 10:00 часот во студијата на МРТ

Повеќе детали ќе најдете во Правилата за избор на претставник и композиција за Јуниорски Евросонг 2026 објавени на на mrt.com.mk

Контакт телефон: 078 256 483

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија ќе биде домаќин на Јуниорската Евровизија оваа година?

Македонија е домаќин на Детската Евровизија 2026, според делегацијата на Сан Марино за Евровизија. Eurofestival …

error: Содржината е заштитена!