Почетна / Серии / Нова серија со Кифер Сатерленд на ABC за сезона 2015/2016

Нова серија со Кифер Сатерленд на ABC за сезона 2015/2016

 

Нова серија од ABC – “Designated survivor”

 

Започнуваме со претставување на новите серии на американските телевизиски мрежи, кои се планираат за следната сезона 2015/2016.  “Designated Survivor” е една од најсилните алки за ABC (продукцијата на Изгубени, Вовед во анатомија, Очајни домаќинки, Скандал)  идната сезона и една од првите серии кои добија “зелено светло”. Што има привлечно кај серијава? Интересна содржина и одлична актерска екипа. Идеална комбинација за телевизијата ABC, откако ја доживеа една од најлошите сезони досега.

 

Содржина:
Том Киркмен, семеен човек и еден од пониските членови на Кабинетот на САД, одеднаш станува претседател, откако катастрофален терористички напад ги убива сите негови надредени. Неподготвен, преку ноќ, тој се вселува во Белата куќа со сопругата и децата и ја започнува својата нова работа, најважната во слободниот свет.

 

Актерска екипа ја сочинуваат Кифер Сатерленд (24), Меги Кју (Nikita), Наташа Мекелхон (Californication), Кал Пен (House), Италија Ричи. Автор на серијата е Дејвид Гугенхајм (Safe House, Stolen), а режисери Марк Гордон (Grey’s Anatoym, Criminal Minds, Quantico), Сајмон Кинберг (The Martian, Deadpool), Дејвид Гугенхајм, Кифер Сатерленд (24, Touch), Ејми Херис и Сусан Бајмел (Touch)

 

 

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четвртата сезона на „Шерлок“ повторно на Телма, секој петок

Од маглата одново се појавија Шерлок Холмс и доктор Вотсон за да се соочат со …