Почетна / Серии / Британската класика „Монти Пајтон“ со репризно емитување

Британската класика „Монти Пајтон“ со репризно емитување

 
По “Фаличен пансион”, (Fawlty towers), од понеделник на Телма започнува уште една култна серија, “Летачкиот циркус на Монти Пајтон” која ќе се прикажува од понеделник до четврток во 14:45 часот. Серијата беше веќе еднаш прикажана летово на Телма, па од понеделник, всушност, следува репризно емитување за сите оние кои не ја проследиле.
“Летечкиот циркус на Монти Пајтон” (познат само како Монти Пајтон) беше особено популарна, надреална комедија со скечеви на групата комичари Монти Пајтон чие емитување го одбележа раѓањето на овој култен британски состав. Шоуто беше познато по начинот на кои обработуваше неверојатни, речиси невозможни настани, инкомпонирајќи ризичен и алузивен хумор, кратки шеги како и скечеви без употреба на зборови. Исто така важен негов дел се и анимациите на Тери Гилијам кои често се поврзани со жива акција.
Слика

Првата епизода е снимена на 7 септември 1969 и емитувана на 5 октомври истата година на првиот канал на Би-Би-Си, а вкупно има 45 епизоди распоредени во четири сезони. Првата епизода од оваа телевизиска серија „Летачкиот циркус Монти Пајтон“ веднаш предизвика бура од реакции кај публиката жедна за специфичен хумор, познат и како пајтонизам. Трупата сними и неколку долгометражни филма меѓу кои „Монти Пајтон и Светиот Грал“, „Житието на Брајан според Монти Пајтон“, како и нивниот последен проект „Смислата на животот според Монти Пајтон“. Тие со својот пајтонистички хумор направија вистинска револуција во филмскиот свет, па и покрај тоа што одамна не соработуваат, нивното дело има огромен број обожаватели од целиот свет и останува своевиден доказ за нивната оригиналност. Серијата на мета ги има уникатностите на британскиот живот (особено оној на професионалците) и на моменти има политички конотации. 

Слика

 

Членовите на Монти Пајтон се високо образовани интелектуалци (Тери Џонс и Мајкл Палин се дипломирани на Оксфорд, а Ерик Ајдл, Џон Клиз и Греам Чепмен дипломираат на Универзитетот во Кембриџ; единствениот тогашен американец во Монти Пајтон – Тери Гилијам има диплома од колеџот Оксидентал), поради што нивниот хумор е интелектуален – често има врска со цитатите на некои философски и литературни фигури. Тимот се обидел да направи нивниот хумор да не може да се дефинира и е толку успешен на ова поле што зборот Пајтоновски морал да биде измислен за да се дефинира нивниот и на нив сличниот подоцнежен стил. И покрај ова, Тери Џонс, во едно свое интервју, ќе рече дека самиот факт што се измислил нов збор за да го опише нивниот хумор покажува колку била неуспешна нивната мисија. Пајтоновскиот хумор може да се окарактеризира како апсурден, надреален, па дури и дадаистички. Препознатливата насловна тема на серијата е првиот сегмент од Ѕвоното на Слободата, познатиот марш на Џон Филип Соуса. Серијата има 7 номинации и 3 награди.

Улоги: Греам Чепмен, Џон Клиз, Тери Гилијам, Ерик Ајдл, Тери Џонс, Мајкл Палин, Керол Кливленд..

 
 
 
 
Дани  | ТВ Пакет
 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Пред 27 години беше создадена „Чудовиштата во нашиот град“

Познатите човечиња со големи уши беа вистински телевизиски хит во деведесетите. Оние кои пораснале со …