Почетна / Вебновела / Оган во Срцето|Fuego en el Corazón епизода 21

Оган во Срцето|Fuego en el Corazón епизода 21


Саломон мораше да му признае на својот пријател дека Јулиса е навистина преубава девојка.

–          Сега гледам зошто толку се интересиаш за неа.

–          Јулиса ќе биде само моја, Саломон.

–          Мислев дека е девојка на твојот брат.

–          Тристан нема што да и понуди и ќе мора да се помири дека ја загубил. Освен тоа, Јулиса залужува живот каков што само јас можам да и понудам, – задоволно се смешкаше Ектор.

 

Саграрио срамежливо затропа на вратата од работната соба на дон Вадо. И пречеше константното присуство на Матакан кој како телехранител стоеше покрај својот господар. Но мораше да ја задржи својата работа и беше подготвена да моли и да проколнва за истата. Откако дон Вадо внимателно ја сослуша и нареди да се врати назад во кујната.

–          Ви ветувам дека ќе ви бидам најдобрата готвачка која сте ја имале, дон Вадо. Нема да зажалите за зададената шанса, – вети пред да ја напушти работната соба.

–          Матакан, не сакам да ја испуштиш од вид оваа жена, – Вадо му нареди на својот верен чувар. – Чувај ја на око и неа и нејзиниот син Тристан…кој скоро ќе биде мртов човек, бидејки ти ќе го убиеш.

 

Тристан, во меѓувреме се наоѓаше во самицата. Беше изморен и ненаспан, но не можеше да заспие. Се плашеше и од сопствената сенка и никако не му веруваше на чуварот кој дојде да го извади од келијата.

–          Одовде ќе излезам само со мојот адвокат.

–          Адвокатот те чека надвор, Фуего.

–          Не сум глупав. Нема повторно да стапнам на вашата стапица.

Тристан не можеше никому да верува на тоа место. Тоа беше истиот човек кој претходниот ден му го даде ножот на Ратас. Но, овој пат чуварот не лажеше. Адвокатот Саломон Алкантар навистина го чекаше Тристан во собата за посети.

–          Јас сум Саломон Алкантар, твојот адвокат, – се претстави кога Тристан конечно дојде.

–          Кој ве платил да ми бидете адвокат?

–          Тоа е најмалку важно, – одговори младиот адвокат. – Сега е најважно да те извадам одовде додека не те убиле. Подготвен си да соработуваме, или не?

–          Јас немам пари да плаќам отмени адвокати како вас.

–          Подоцна ќе зборуваме за плаќање.

 

Откако му заврши посетата со новиот адвокат, чуварот го врати Тристан назад во неговата самица. Се прашуваше од каде неговата мајка нашла скап адвокат и пари за кауција. Мислеше и на Јулиса. Во тие моменти мислеше на својата сакана повеќе од било кога. Одеднаш слушна чекори и чуварот му пријде носејки му писменце. Беше анонимен праќач, но пораката беше и повеќе од јасна.

–          Додека ти си во затвор, твојата девојка Јулиса те изневерува со Ектор Фалкон. Само сакав да те предупредам.

 

Слдното утро, Саграрио го посети својот син на неколку часа пред неговото ослободвање.

–          Сине, што ти направиле? Те тепале?

–          Не, добро сум, мамо. Но, пред се сакам да ми ја кажеш вистината. Кој е адвојатот кој ме брани и каде го најде?

–          Не знам за што зборуваш, синко. Јас не сум ангажирала никаков адвокат.

–          Сношти дојде еден адвокат, дотеран, млад, конте…Рече дека е тука за да ми извади од затвор.

–          Света Мајко, – радосно крикна Саграрио.

–          Мајко…Каде е Јулиса? Зошто не дојде да ме види?

–          Не ме прашувај за неа. Не ја сакам за тебе…Таа жена ќе ти донесе само солзи и тага. Таа е неверна.

–          Не ми е јасно зошто упорно се обидуваш да ја оцрниш Јулиса пред мене, мајко?, – со бес и горчина ја праша Тристан.

–          Бидејки не е за тебе, синко! Додека ти скапуваш овде, во овие четири ѕида на темнина и влага, Јулиса се гледа со друг. Целиот град ја зборуба. И подобро да дознаеш од мене.

–          Со кого се гледа Јулиса, мајко?

–          Јулиса…Јулиса се гледа со твојот брат, Тристан. Јулиса се гледа со Сантијаго.

Тристан почувтсвува како небото да се отвори и да го дри гром со сета сила. Не можеше да поверува во зборовите на неговата мајка, но на крајот немаше ни зошто да го лаже. Дали избра со проценката за Јулиса? Дали и го подари срцето на погрешна жена која не беше за него?

 

Тоа попладне, вратите од келијата беа отклучени за Тристан. Придружуван од неколку чувари го напушти местото каде што ги мина најдолгите денови во својот живот.

Тој ден беше денот на мртвите во градот. Сите одеа на гробишта хранејки ги и дарувајки ги саканите покојни. Улиците беа полни со колони и редици луѓе. Тристан во ниту еден момент не забележа дека неговиот чекор будно го следи Матакан.

Направи чекор на улицата кога еден автомобил без таблички забрзано почна да се движи кон него. Одеднаш, како ангел чувар , две цврсти машки раце го повлекоа кон тротоарот и за секунда се избегна страшна трагедија.

Кога се свести дека животот му висеше на конец, Тристан погледна во човекот кој му го спаси животот. Беше Саломон, неговиот адвокат.

–          Навистина мислам дека некој сака да те убие, – Саломон го извести својот клиент откако двајцата седнаа на кафе во блиската кафетерија.

–          Ти благодарам уште еднаш што ми го спаси животот, Саломон. Вечно ќе ти бидам благодарен.

–          Најпрво невино те сместуваат во затвор, каде што сакаат да те убијат. Сега ова. Навистина има некој што не те сака меѓу живите.

–          Мислам дека знам кој сака да ме лиши од живите, – мистично проговори Тристан посегнувајки по својата шоља со кафе.

 

Во меѓувреме, Јулиса ја средуваше папирологијата и забрзано сакаше да замине од канцеларијата за да го види Тристан.

–          Готово за денес?, – низ широка насмевка ја праша Ектор, приоѓајки и.

–          Да, господине. Сега извинете ме, но сакам да бидам во затворот кога ќе го пуштат Тристан, сакам да го пречаекам.

–          Не толку брзо. Пред да одиш сакав да те поканам.

–          Да ме поканите? Каде?

–          Утре вечер, во вилата Дорада, мојот татко прави голема забава по повод мојот роденден. Секако, сакам да бидеш моја специјална гостинка.

Од смртта на Мелчор, Јулиса сонуваше да влезе во таа вила и да ги ископа најмрачните тајни на Вадо Фалкон. Шансата да биде дел од таа забава беше идеална прилика.

–          Секако, господине Фалкон. Радо ја прифаќам вашата понуда.

–          Ова беше лесно. Мислев дека ќе морам да те молам и проколнувам.

–          По се што сторивте за мене и моето момче, да дојдам на забавата е најмалку што можам да сторам за вас. А сега извинете ме, таксите ме чека долу. Догледање.

Јулиса ја зема својата чанта и ја напушти канцеларијата. Ектор не можеше да ја симне задоволната насмевка од своето лице гледајки ја како заминува.

 

Јулиса не можеше да престане да мисли на забавата кај кралот на златото, додека слегуваше кон портирницата. Нејзините мисли ги прекина Хосе Гвадалупе, кој грубо ја повлече за рамото.

–          Види, види…Многу брзо стигна до канцеларија, мала.

–          Добар ден, Хосе Гвадалупе. Извинете ме но морам да одам, ме чека такси.

–          Аа, те чека такси. Како вистинска шефица. Отсекогаш велев дека парите купуваат се, дури и чените девојки како тебе. Кутриот Тристан, не знае што го чека кога ќе излезе од затвор.

Колку и да ја болеа зборовите на рударот, Јулиса немаше намера да му објаснва. Седна во такси возилот кое ја чекаше и се упати кон преполните улици со караваните за денот на мртвите.

Возењето до затворот одзема двојно повеќе време одошто требаше поради гужвата. Јулиса го замоли такси возачот да застане. И беше логично дека побрзо ќе стигне пешки одошто по полните улици. Му плати на возачот и брзо се упати кон зградата.

–          Тристан Фуего го напушти затворот со својот адвокат пред половина час, – ја извести службеничката на пултот кога стигна.

Јулиса се чувствуваше очајно. Го зеде мобилниот телефон од чантата, но бројот на Тристан беше недостапен. Исто така никој не одговараше ни во куќата на доња Саграрио.

 

Во меѓувреме, Макарија подготвуваше храна за на гробишта во кујната на паснионот и ја подгледнуваше попладневната теленовела на малиот телевизор на шанкот, кога заѕвоне некој на влезната врата. Ги избриша рацете од престилката и го намали телевизорот.

–          Како може овој човек вака да ја третира кутрата Есмералда? – се запраша внесена во својата теленовела пред да отвори.

Пред Макарија стоеше Ребека Роблес, сестрата на Вадо.

–          Добар ден.

–          Вие?, – Макарија не го криеше изненадуањето од изненадната посета.

–          Добар ден, Макарија. Може ли да влзеам?

Макарија ја подотвори вратата иако сеуште не и беше јасна посетата.

Влегувајки во пансионот, Ребека погледна околу себе.

–          Значи овде се наоѓал мојот брат со својата тајна љубовница?

–          Голондрина е отворена многу години откако заврши моето со вашиот брат, госпоѓо Ребека. И навистина не знам што ве донел патот овдека.

–          Низ градот се говори дека ова е пансион за девојки…Но, дали е?

Очигледно Ребека беше дојдена со цел да ја понижи и навреди Макарија, која пак цврсто се држеше и не дозволваше да и пошуштат нервите.

–          Само сакам да знам нешто повеќе за жената која ги окупира мислите на мојот брат, тоа е се. Каде живеете, со кого, имате ли деца, фамилија…

–          Нема потреба да ве интересира мојот живот, бидејки моето со Вадо Фалкон е минато.

–          Дали?, – скептично ја праша Ребека.

–          Госпоѓо Ребека, ве замолувам да го напуштите мојот пансион. Не сакам да имам ништо со луѓе кои се дел од фамилијата на човекот кој ми го уништи животот.

–          Дали е се во ред, Макарија?, – праша Кристела, слегувајки по скалите.

Забележа тензија помеѓу Макарија и непозната  жена.

–          Да, се е во ред, Кристела.

–          Ова не е последен пат што се гледаме, Макарија, – Ребека ги потенцираше зборовите и ја напушти куќата. Се упати кон автомобилот кој ја чекаше пред капијата, во моментот кога во куќата дотрча Јулиса.

–          Мамо! Не можам да го најдам Трисатн, – и е пожали на Макарија дотрувајки и во прегратка. – Требаше да биде пуштен од затвор, но кога јас дојов веќе заминал.

–          Се обиде ли да го побараш на телефон?

–          Да, но не е достапен. Не сакам да помисли дека сум го извисила.

–          Сигурно нема да го помсили тоа, злато. Сигурна сум дека Тристан ќе ти се јави.

–          Денес, Ектор ме покани на вечера во Ла Дорада?

–          Вилата на ѓаволот?, – крикна Макарија.

–          Да. Тоа е шанса која не смеам да ја пропуштам, мајко. Од една страна не можев да го одбијам Ектор кој толку многу стори за Тристан…а од друга страна ќе можам да го исполнам ветувањето на Мелчор.

–          Уште со таа луда идеја, Јулиса?

–          Нема да оставам да мине неказнето злосторството на мојот дедо и мојата родена мајка.

–          Но, ако влезеш во таа куќа, тој човек ќе те уништи Јулиса. Вадо Фалкон има моќ да уништи се што ќе допре. Од друга страна пак, Тристан нема да дозволи да бидеше со Ектор…

–          Сакам ти да позборуваш со него за тоа, мајко. Тебе ќе те разбере…

–          Јулиса, ќерко, те молам немој да одиш во таа куќа.

Одлучно и силно тропање на вратата го прекина разговорот меѓу мајката и ќерката. Беше Ектор, со голема кутија во раката.

–          Доња Макарија, Јулиса…добра вечер.

–          Ектор, од каде ти овде?, – го праша девојката.

–          Дојдов само да ти го предадам ова.

Јулиса ја зеде  подадената кутија и ја отвори. Во неа лежеше преубава пурпурна тоалета на кретаорката Макс Мара во нејзина величина. Беше најубавата ноќна тоалета која ја видела во живтото.

–          Зошто?, – праша немо.

–          За да бидеш најубавиот цвет на утрешната забава, Јулиса.

Во тој миг се отвори вратат од пансионот и влезе Тристан. Со себе носеше букет карамфили за саканата. Растегнат од љбомора што ја гледа саканата девојка со својот брат, ја собра вилицата која му се тресеше од бес.

–          Јулиса!

–          Трисатн!

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!