Почетна / Серии / Алфа ќе репризира српска серија од Сител

Алфа ќе репризира српска серија од Сител

На местото на “Ѕвездара”, српската комична серија на Пинк која се емитуваше на Алфа изминатиов месец, од понеделник во 21 часот започнува “Ивкова слава”. Се работи за серија монтирана од самиот популарен филм, во неколку продолженија. Серијата веќе беше прикажувана на Пинк 15 телевизија, а потоа и неколку пати на Сител телевизија и уште десетици пати на Сител 3 телевизија. По сите прикажани српски емисии и серии, овој пат Алфа се одлучи и за реприза.

 

 

Приказната се случува во 19 век во Ниш кога Јужна Србија се ослободува од отоманското владеење. Добриот домаќин, јорганџијата Ивко и неговата жена одлучиле да го слават Ѓурѓовден. И како на сите слави со јадење, пиење и пеење во приказната се појавуваат најразновидни ликови, а во таква атмосфера славата трае неколку дена. Доаѓа и претседателот на општината да ја смири ситуацијата, но и тој станува главен во водењето на орото.
Газда Ивко го толкува Зоран Цвијановиќ, неговата сопруга Параскева ја толкува Наташа Нинковиќ, а покрај нив во филмот настапуваат и: Аница Добра, Милорад Мандиќ – Манда Никола Ѓуричко, Драган Николиќ, Срѓан Тодоровиќ , Воин Ќетковиќ, Воја Брајовиќ, Власта Васиљевиќ, Бранимир, Брстина, Ана Маљевиќ, Велимир Бата Живоиновиќ, Предраг Ејдус, Никола Којо , Ивана Михиќ и Драган Бјелогрлиќ, кој е и продуцент на филмот/серијата.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Познатата италијанска серија за мафијата Кaмора стартува на Алфа

Нова италијанска криминалистичка серија која е базирана на бестселерот на Роберто Савијано „Гомора“ и се …