Почетна / Вебновела / Оган во Срцето|Fuego en el Corazón епизода 6

Оган во Срцето|Fuego en el Corazón епизода 6

 

 


Работата во рудникот, под пригушливите светла, со шлемовите на глава, километри под земјата беше тешка и напорна работа за секој маж. Но, желбата за одмазда и ликот на нејзиниот дедо во потсвеста ја тераше Јулиса да ги преброди сите напори и да ја работи истата работа како и Мелчор. Облечена во униформа и со шлем на главата заедно со останатите вработени влегуваше во отворот каде што започнуваше рудникот за злато. Тристан Фуего, шефот на смена под око го гледаше новиот вработен. Секогаш беше скептичен за новите, особено кога некој нов требаше да замени добар рудар како што беше Мелчор.

–          Еј ти, – му довикна на работникот.- Ми кажаа дека почнуваш денес, но не се знаеме. Јас сум Тристан Фуего, твојот раководител.

Јулсиа само без збор му ја подаде својата рака. Носеше ракавици па не можеше прстите да откријат дека зад униформата се крие жена.

–          Не е културно да не се претставиш. Извади го шлемот. Сакам да те видам.

Јулиса направи чекор наназад и потрча кон рудникот. Тристан тргна по неа. Ја дофати на влезот во рудникот но девојката силно се бранеше. Кога и го тргна шлемот, сенка на изненаденост прелета преку неговото лице. Што бара овде преубавата девојка од локалот на Макарија, се запраша?!

Не можеше да дозволи една девојка да бара руда и да копа со останатите мажи.

–          Вие сте девојка!

–          Ја добив чесно работата и оставете ме да работам.

–          Нема да дозволам една жена да го ризикува својот живот на вака опасно место. Нема да ве пуштам во  рудникот, бар не во моја смена!

Но, Јулиса не се предаваше така лесно. Никој нема да се ослободи од неа додека не му се одмазди на Вадо Фалкон. Направи чекор кон скалите кои водеа под земја, но Тристан ја задржа со својата силна рака. Јулиса се обиде да ја повлече својата рака, но беше залудно. Борејки се двајцата паднаа на земја. Наоѓајки се во близина на нејзиното убаво лице, Тристан сфати колку е преубава и необична.

Ниту Јулиса не остана рамнодушна на неговата убавина. Имаше руса коса и светли очи. Чувствувајки го неговото цврсто торзо на своите гради чувстваше дека срцето ќе и излезе. И во еден момент, неочекувано ги почувствува неговите полни усни на своите. Јулиса не знаеше што да направи. Беше збунета. Бакнежот беше страсен и врел истовремено, ја почувствува вибрацијата на целата своја кожа и потпрена на страста, му се предаде со истата сила.

                По кратко, Јулиса продолжи да се брани. Не и беше пријатно тоа што Тристан ја нападна и бакна пред сите вработени само затоа што е жена.

–          Да не си ме допрел, животно. Пушти ме!

–          Не биди тврдоглава. Нема да дозволам животот да го изложуваш на опасности. Смири се и врати се назад. Рудникот не е место за една жена.

–          Пушти ме ти велам, пушти ме, – и понатака се бранеше Јулиса.

–          Тристан, признај дека малата те прелажа, – во шега му се обарти Хосе Гвадалупе, работник во рудникот и роднина на Тристан.

–          Не, само сакам да ја заштитам, – одговори Тристан – Упорна е но не знам како се нашла овде. Ако и се случи нешто, вината ќе биде моја.

–          Ја знам девојката, – додаде Хосе Гвадалупе.

–          Сфати дека на прво место ти е животот, – Тристан продолжи да ја убедува младата жена, цврсто држејки ја за раце.

–          Пушти ме! Знам што правам, – низ заби процеди Јулиса како ѕверка.

–          Овде јас сум единствен одговорен. Штом си тука, значи дека некој ти дал дозвола да работиш, но да видиме колку ќе издржиш.

–          Пробај ме, – хировито му дофрли Јулиса и продолжи да чекори кон внатрешнината на рудникот.

–          Момци!, – Тристан им дофрли на работниците. – Ви забранувам да работите се додека оваа тврдоглава дама не го напушти рудникот. Ако сака нека работи сама, но никој од вас нема да копа денес!

Јулиса се заврте кон Тристан и го погледна со насобран презир.

 

И покрај сите убедувања на Макарија да го напуштат градот кој им носеше само лоши спомени, Јулиса инсистираше да останат во Малиналко. Инсистираше упорно да продолжи да се школува додека напорно работеше во рудникот за злато. Имаше претчуство дека нејзината судбина е под ова небо каде што ја следеа очите на нејзиниот дедо. Иако Макарија сакаше да го продаде ресторанот и со парите да замине во друг град, водејки ја Јулиса далеку од дон Вадо, девојката инсистираше да ја исполни заклетвата дадена на смртната постела на својот дедо и да му се одмазди на Кралот на златото.

–          Мамо, не, – упорна беше Јулиса, кога следното утро, Макарија и предложи да ја продадат Голондрина и да заминат во друг град. – Не можеме да живееме бегајки. Сакам да останам тука во Малиналко и да продолжам студии во Виљаермоса.

Сенка на грижа и болка прелета преку лицето на Макарија.

–          Не плаши се мамо, – и пријде Јулиса откако ја забележа болката во очите на Макарија. – Имам чувство дека тука се моите корени мојата судбина. Морам да одам сега.

Јулиса ја бакна својата мајка, па откако Макарија и даде благослов ја напушти куќата за да го фати автобусот кој водеше до Виљаермоса.

Макарија не можеше да престане да чувствува дека нешто лошо ќе се случи. Пријде до олтарот на девицата од Кармен и запали свеќа за здравје.

–          Богородице, во името на Исус кој умрел во твои раце, во твое име кое си плачела ден и ноќ, те молам разбери ја жртвата на една мајка која страда и заштити ја мојата ќерка од  злото кое навестувам дека ќе и се случи. Мелчор, ако твојата душа е сеуште на овој свет, дај и сила на Јулиса и сочувај ја при здрав разум. Заштити ме мене со својата љубов и чувај ме од ѓаволот, Кралот на златото.

 

Големата универзитетска зграда во Виљаермоса беше старо архитектонско дело од кое излегле доста почитувани и ценети функционери. Јулиса имаше голема желба да се запише на факултет за еден ден да има своја кариера и да биде самостојна во животот. Откако пред три месеци влезе во потесниот круг на најдобри ученици кои го поминале испитот, девојката доби стипендија за четири години настава.

Кога ја отвори големата, масивна врата се најде пред толпа студенти во големиот амфитеатар. Професорот веќе на големо ја водеше дебатата и наставата кога сите погледи се вперија во девојката која го прекина часот на половина.

–          Извинете, професоре, знам дека доцнам…

–          Правило број еден, госпоѓице, никогаш немој да влегувате на час откако јас ќе влезам.

Јулиса не можеше да им поверува на очите. Зад катедрата во амфитеатарот стоеше Трисатн Фуего. Не можеше да си објасни како тој се нашол тука?!

Јулиса ја затвори вратата откако се извини, додека очите и се полнеа со солзи. Се чувствуваше лошо и неодговорно што си дозволила да задоцни на првиот академски час. Одеднаш некој ја отвори масивната врата зад неа, го заврте погледот кога го забележа него. Тристан Фуего стоеше пред неа, приоѓајки и. Сакаше да побегне. Мора да и се причинува. Немаше друго објаснување зошто тој човек ја прогонува. Истрча кон ходникот, но Тристан тргна по неа.

–          Застани, Јулиса!

–          Не, ова мора да е кошмар.

–          Не е никаков кошмар. Ги завршив студиите минатата година. Сега сум му асистент на професорот. Понекогаш ме остава да држам сам часови. Како денес.

–          Морам да одам, – рече Јулиса. Не сакаше да влезе во амфитеатарот каде што предавања држи човекот кој постојано и стоеше на патот.

–          Не можеш да побегнеш, Јулиса, – го чу неговиот глас зад себе. – Судбината не спојува, животот не зближува.

–          Тристан…

–          И јас сакам да ги расчистиме нештата меѓу нас, – додаде земајки ја за рака. – Некој во топилницата сака да ме обвини за експлозијата на машината и за смртта на твојот кум. Ми ги украдоа сите документи кои ги поседував. Бараат виновник и ме одбраа мене.

Зборовите на Тристан ја омекнаа Јулиса.

–          Истото му го направија и на мојот кум, – тажно заклучи девојката. – Го осудија на затвор поради смртта на рударите пред многу години. Злиот Валдо Фалкон…

–          Го познаваш тој човек?, – ја праша Тристан.

–          Тој монструм е човекот кој поседува нешто што не му пипаѓа како вилата во која живее и рудникот за злато. Мојата мајка страшно се плаши од него. Сака да го напуштиме градот за да не се доближи до нас.

–          Никој нема да ве повреди. Нема да дозволам да си заминеш сега кога те сретнав. Дозволи ми да те штитам, Јулиса. Дозволи ми да влезам во твојот живот, – ја молеше Тристан.

–          Ти си веќе во мојот живот. Не знам зошто, но како мојот кум Мелчор да сакал да се споиме. Пред да почине, од мене побара да сторам се за да му ги одземам сите привилегии и права на Вадо Фалкон. Не знам зошто но мсилам дека тој човек стои зад смртта на мојот кум Мелчор и неговата ќерка Роса Клара.

Тристан не можеше да поверува во зборовите на Јулиса. Знаеше дека Вадо Фалкон е подготвен да уништи цела фамилија, да разделува луѓе но убиец?

–          Дали си сигурна во тоа што го зборуваш?

–          Вадо ја оженил  ќерката на мојот кум само за да го добие налсдството и рудникот.  Го наместил Мелчор за експлозијата во рудникот…

–          Поради тоа Мелчор помина дваесет години во затвор, – заклучи Тристан. Отсекоаш знаел дека Мелчор беше невино обвинет но никогаш не знаеше зошто и кој стои зад злосторството.

–          Се сеќавам на неговите тажни очи кога стоеше зад решетките и правеше планови за денот кога ќе го ослободат, – низ солзи се сеќаваше Јулиса. – го дочека тој ден, но демонот го уби без да го остави да му се радува на животот.

–          Пред многу години, кралот на златото ми одзема нешто многу вредно и за навек ја раздвои мојата фамилија, – додаде Тристан, бришејки ги созлите на Јулиса. – Но, јас и ти заедно можеме против него.

–          Многу добро знам кој ќе ме одведе до него, – со сигурност додаде Јулиса.

–          Кој?

–          Ектор Фалкон.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …