Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / За убавината и домот во „Квадрат“ и „Урбан блок“, неделно на Алфа

За убавината и домот во „Квадрат“ и „Урбан блок“, неделно на Алфа

И оваа недела, две премиерни емисии на Алфа во денските термини. Ново уредувачко дружење со Ана Николовска следува во 11.30 часот претпладне на Алфа во емисијата за ентериерот и естетиката – “Квадрат”.

Советите за уредување на спалната соба ќе стават фокус на плакарите, но во новото издание од “Квадрат” ќе бидете инспирирани и дополнително за уредување на одредени делови од домот…

Што претставува габична инфекција и како најдобро да се ослободите од овој проблем? Во новиот “Урбан блок” освен помош за справување со габична инфекција, ќе гледате и како се прави ласерска епилација.

Предностите на овој третман, како и придобивките од конзумирањето на сувото овошје се само дел од темите од пладневната емисија “Урбан блок” со Ирена Велјановска во недела на Алфа.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Код“ на Снежана Лупевска направи реконструкција на трагедијата

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани починаа 59 лица, а над 155 беа повредени. …

error: Содржината е заштитена!