Почетна / Серии / Од Исус до поп Мики во „Попадија“: Необичните улоги на Дејан Буќин

Од Исус до поп Мики во „Попадија“: Необичните улоги на Дејан Буќин

Публиката од комичната серија на Алфа – „Попадија“ го препознава како поп Мики, сопругот на Деса, но зад Дејан Буќин стои многу поинтересна и меѓународна актерска кариера отколку што можеби претпоставуваат гледачите.

Интересно е што улогата во „Попадија“ е само една во низата религиозни улоги што му биле доверени. Буќин претходно го играл Исус Христос во проектот „7 Miracles“, потоа апостол Марко во филм на славниот режисер Теренс Малик, а во „Нечиста крв“ го толкувал владиката Мирон. Самиот актер се шегувал дека неговиот изглед, долгата коса и брадата веројатно придонеле режисерите постојано да го гледаат во вакви улоги.

Но, Буќин има и значајна кариера надвор од Србија. Повеќе од две децении живее и работи во Германија, а настапувал во театарски претстави во повеќе од 20 земји. Се појавил и во меѓународната серија „Carnival row“, каде што работел со Орландо Блум и Кара Делевињ.

Во приватниот живот, пак, изгледа прилично поинаку од смирениот свештеник Мики. Според неговите објави на социјалните мрежи, актерот е љубител на спортот, уметноста и авантурите, а токму неговите фотографии без маица своевремено привлекоа внимание и во регионалните медиуми.

За својот лик во „Попадија“, Буќин има кажано дека Мики зад себе има бурно минато и дека спасот го пронашол во верата, додека љубовта кон Деса дополнително го стабилизирала. Интересно, актерот признава дека со Мики дели една особина – и двајцата настојуваат дипломатски да ги смират конфликтите, сè додека не им дојде „жолтата минута“.

Од Исус Христос, преку апостол и владика, па сè до поп Мики, изгледа дека религиозните улоги навистина го следат Дејан Буќин низ кариерата.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кифер Сатерленд во „Допир“, нова серија во полноќниот термин

Познатиот холивудски актер Кифер Сатерленд, кого публиката најмногу го памети како Џек Бауер од легендарната …

error: Содржината е заштитена!