Почетна / Серии / „Алиенист“ во 23:30 часот – реприза на серија во новата Телма сезона

„Алиенист“ во 23:30 часот – реприза на серија во новата Телма сезона

„Алиенист“ започнува кога низа морничави убиства на момчиња проститутки го зафаќа Њујорк. Новоназначениот полициски комесар Теодор Рузвелт ги повикува криминолошкиот психолог д-р Ласло Крајцлер и илустраторот на весници Џон Мур да ја спроведат истрагата во тајност.

Ним им се придружува Сара Хауард, тврдоглава секретарка, решена да стане првата жена-полициски детектив во градот.

Користејќи ги новите дисциплини на психологијата и техниките за рана форензичка истрага, оваа група социјални аутсајдери тргнува да го пронајде и уапси еден од првите сериски убијци во Њујорк.

Во мрачна атмосфера на корупција, тајни и опсесии, „Алиенист“ е психолошки трилер што ја истражува границата меѓу разумот и лудилото, науката и злото. Од понеделник до четврток во 23 и 35 часот на Телма, репризно на Телма. Репризата е дел од есенската програмска шема на Телма која стартува на 14 септември.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драма и хумор во популарната серија „Попадија“ – оваа есен на Алфа

Во новата ТВ сезона на Алфа телевизија пристигнува „Попадија“, популарната српска серија која низ многу …

error: Содржината е заштитена!