Телма влегува во новата телевизиска сезона со богата дневна програма, актуелни теми, разговори, здравство, забава, награди и политички дебати.

Секое утро од 07:15 часот денот започнува со „Утринска на Телма“, со актуелни информации, интересни теми и гости. Дел од утринската програма се и разговорите на Горан Петрески со добро одбраните гости, кои започнуваат во 10:30 часот.

Од 13:00 часот, веднаш по италијанската хит сапуница и вестите, следува „Телма Амбуланта“, емисија посветена на здравјето, со разговори, совети и теми од областа на медицината.

Забавата започнува во 14:40 часот по хит теленовелата со познатиот квиз на знаење и игра. Гледачите заедно со водителката Тина ќе можат да го вртат тркалото, да одговараат на прашања и да освојуваат награди.

Во 16:15 часот продолжува контактната емисија со Тина, во која гледачите директно се вклучуваат во програмата и ги споделуваат своите ставови за актуелни политички, општествени и секојдневни теми.

А по централните вести, наскоро започнува и новата сезона на политичките дебати на Телма, со актуелни гости, анализи и разговори за темите што ја одбележуваат политичката и општествената сцена.

Телма има содржини и за доцните вечерни часови. По трилер-серијата, од 23:15 часот следува ново издание на шоу-магазинот „Бекстејџ“, со најновите приказни од светот на забавата и шоу-бизнисот.

Од рано наутро до доцна навечер, новата сезона продолжува на Телма.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
