Почетна / Спорт / Шпанија е нов светски шампион во фудбал, откако ја победи Аргентина

Шпанија е нов светски шампион во фудбал, откако ја победи Аргентина

Шпанија е нов светски шампион во фудбал, откако во големото финале на Мундијалот во Њу Џерси ја совлада Аргентина со 1-0 по продолженија. „Црвената фурија“ ја освои втората светска титула во својата историја, по триумфот во 2010 година.

Регуларните 90 минути завршија без голови, а Аргентина остана со фудбалер помалку по исклучувањето на Енцо Фернандез. Човек на одлука беше резервистот Феран Торес, кој во 106. минута го постигна единствениот погодок на натпреварот и ѝ ја донесе титулата на Шпанија.

Шпанците доминираа во најголем дел од финалето и создадоа далеку повеќе шанси, додека Аргентина не успеа да ја одбрани титулата освоена пред четири години.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светското во фудбал ќе го следиме на Арена Спорт Македонија

Голема новина за љубителите на спортот во Македонија – од 11 јуни во 19:30 часот …

error: Содржината е заштитена!