Почетна / Серии / За сите дечиња, МТВ 1 со летна реприза на храбрите „Гормити“

За сите дечиња, МТВ 1 со летна реприза на храбрите „Гормити“

Македонската телевизија со реприза на веќе емитувана цртана серија, надсинхронизирана на македонски јазик. Се работи за “Гормити”, анимирана серија базирана на популарната италијанска линија на играчки – Гормити, наменета за дечиња на возраст од 7 до 10 години. Серијата е снимена во три сезони од страна на американскиот канал Cartoon Network.

Дејството се случува во измислениот универзум каде живеат Гормитите водени од нивниот голем и мудар водич. Тие се мирни суштества способни да ги надминат своите слабости, и да се здружат за да ги надминат проблемите. Ја почитуваат природата и светот околу нив, и се соочуваат со нивните лути противници.

Еден ден, злобниот волшебник Магор се буди од долговековниот сон и создава злобни Гормити кои треба да го освојат градот каде живеат добрите Гормити. Но, водичот на добрите Гормити создава четири племиња – Гормити на Земјата, Воздухот, Шумата и Морето кои ги здружуваат силите против непријателот.

Од понеделник до петок во 12 часот и во 19 часот – репризи на “Гормити” на МТВ 1.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов тест на љубовта во премиерната 4-та сезона на „Афера“ на ТВ 24

Психолошката драма „Афера“ ги прикажува емоционалните ефекти на една вонбрачна врска. Ноа е професор и …