Почетна / Филм / Музичката ЈУ комедија „Хајде да се волимо“ овој викенд на Сител

Музичката ЈУ комедија „Хајде да се волимо“ овој викенд на Сител

За љубителите на југословенската продукција, Сител телевизија ова лето ќе емитува екс ју филмови, секоја сабота и недела во 17.20 часот, попладне. По “Нема проблеми” и “Ајде да се сакаме 1” кои беа емитувани минатиот викенд, овој последен јулски викенд следуваат вториот и третиот дел на култната музичка комедија со Лепа Брена.

Во сабота, Лепа Брена и нејзиниот ансамбл “Слатки Грех” се наоѓаат на работен одмор на еден јадрански остров. По грешка, во весниците излегува конкурс во кој амсамблот бара специјален гостин, наместо пожарникар. Па така, ќе се потсетиме како изгледа кога пожарникар ќе биде на аудиција на која ќе изведува музички нумери.

Во недела, во последното продолжение на филмот, снимено во 1990 година, гледаме нова авантура на Лепа Брена во бивша Југославија. Овојпат, еден Австралијанец ќе посака да се ожени со познатата пејачка. Но, сигурно се сеќавате дека организираната свадба е само уште една измама со лажна Брена.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вестерн трилерот „Омразената осумка“ на Тарантино саботно на МРТ 1

„Омразената осумка“ е осмиот по ред филм на Тарантино, чие дејствие е сместено десет години …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!