Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Водени лудории на Сител во викенд гејм шоуто „Освој го замокот“

Водени лудории на Сител во викенд гејм шоуто „Освој го замокот“

Детска забава во викенд утрата на Сител телевизија. Секоја сабота и недела во 11 часот ќе се емитува канадското шоу “Splatalot”, кое многумина го нарекоа детското Вајпаут.

Урнебесна емисија во која ја следиме борбата на 12 деца, кои преку игра на предизвик ќе се обидат да го освојат замокот и да станат Крал или Кралица.

Натпреварувачите се на возраст од 13 до 15 години, а нивната смелост и желба за победа ќе ги води низ сите препреки во играта за тронот.

Но, овие деца освојувачи освен со чудните топки, клупи и реквизити, на патот до круната ќе мора да се соочат и со деветмина бранители на Замокот.

Детската игра не е лесна, но забавата и адреналинот што ќе ја понудат овие деца е особено интересна. Опасноста ќе ги спречува, но желбата ќе ги води кон Замокот. Замокот ќе се освојува секој викенд на Сител.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лозано мораше да бира – Тамара Тодевска или Антониа Гиговска?

Доколку нема нешто ново во неговата музичка кариера, поп – пејачот Влатко Лозаноски не гледа …

error: Содржината е заштитена!